Битола: Обид за физички напад на членка на ЦК на Левица

Битолчанката Ивана Атанасовска (24) студентка на Правниот факулет во Скопје, во еден час по полноќ била изложена на закани и обид за физички напад од двајца маскирани сограѓани во Битола. Атанасоска, актуелен член на Централниот комитет на Левица, случајот ќе го пријави во битолската полиција, иако вели дека нема верба во државните органи

„Се враќав во тој момент од работа, се движев во темна уличка, кога двајца маскирани на велосипеди, извикувајќи 'Нема правда, нема мир!', се обидоа да ме удрат. Не се исплашив, се тргнав и некако го избегнав ударот. Во истиот момент се појави патничко возило, а тие избегаа. Не за завртив, не ги видов ниту во кој правец заминаа“, вели оваа млада девојка, членка на Левица од нејзиното основање.

13492784_10210065662264349_312185679_n

Таа нема дилема дека се работи за политички случај, иако вели, не може да дефинира чии членови се напаѓачите. Според неа, ваквите инциденти се очекувани од моментот кога започнале протестите на Шарената револуција во Битола, каде што е една од поекспонираните млади луѓе. Атанасовска вели дека не само што овој инцидент нема да ја заплаши, туку напротив, и таа и нејзините сопартијци, граѓани, поддржувачи на Шарената револуција, ќе ја продолжат битката, до конечно остварување на граѓанските права и слободи.

Таа ги повикува сите млади луѓе со слободарски дух, сите граѓани кои сакаат да живеат во слободна држава, сите борци за правда, поголеми социјални и работнички права, да им се приклучат на протестите и да не подлегнуваат на какви и да е закани и притисоци.

М. Талеска