Битолчани за Јанкулоска: „Честито аболиција!“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денес во Ректоратот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, беше еден од 14 промовирани доктори на науки, со тема од „сузбивање на транснационален финансиско-економски криминал“.

Како што ни јавија известувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Битола, група млади битолчани и упатиле специфична честитка на Јанкулоска за докторатот на Факултетот за безбедност, со герила-акција. Двајца од нив, со транспарент „Честито аболиција!“, влегле на свечената промоција.

gerila-gordana

Ректорот на Универзитетот, Сашо Коруновски, им се извинил на присутните „за инцидентот“ и потенцирал дека „со гордост можеме да кажеме дека секој кандидат што успеал да стигне до титулата доктор на науки, како степен на стручна подготовка, поминал низ сериозен процес на селекција“

Print Friendly, PDF & Email