Дали протестот ги исполни очекувањата?

Протестот на Шарената револуција, што се одржа синоќа, како одговор на неисполнетите барања кои со ултиматум беа упатени до Владата и до Уставниот суд, собра повеќе десетици илјади граѓанки и граѓани од цела Македонија, под паролата “Граѓаните доаѓаат по правдата”.

Покрај големата излезност, мотивациските и инспиративни говори и мирната - ненасилна атмосфера, без апсења и повредени, по завршувањето на протестот, сепак, останаа многу неодговорени прашања: кои ќе бидат следните активности, што ќе се случува по протестот и дали се исполнети очекувањата?

На социјалните мрежи има различни коментари за ефектот од протестот.

tvit

“На Насрадин Оџа некои млади му го сокриле џубето (мантијата) некаде во џамија. Тој веднаш и со заканувачки тон се обратил дека ако до одреден рок не му ја вратат мантијата, ќе видат што ќе направи! Веднаш во следната молитва, му ја вратиле на место мантијата, но по неколку дена, водени од љубопитност, го прашале оџата: што беше таа закана и што ќе направеше?! Па, ќе сошиев нова!, напиша аналитичарот Рамадан Рамадани на својот Фејсбук профил.

"Величествен собир со разочарувања! Собирот против режимот на најлудите луди лудаци во политичката историја на Европа, беше величествена демонстрација на слободарските, демократски и правдољубиви стремежи на граѓаните на Македонија. Второ, собирот ја покажа епската промена во општествената хемија како бесповратен процес кој му го извлекува тлото под нозете на режимот, му ја одзема општествената супстанца и го остава да виси во облаците на криминалот и на голата сила на башибозуцираните органи", напиша новинарот Бранко Тричковски.

Дел од коментарите покажуваа и разочарување од  начинот на кој делуваа демонстрантите кои беа дел од вчерашниот протест.

tvit 2

Повикот на Шарената револуција, која постави ултиматум за исполнување на двете главни барања, предизвика дел од граѓанските активисти да очекуваат повеќе од протестот, кога граѓаните требаше да ја земат правдата во свои раце.

tvit 3

Коментарите по социјалните мрежи се однесуваа и на апсурдот на бранење на споменикот на Прометеј, но и на желбата - истиот да се урне.

tvit 6

fb

Сепак, Шарената револуција продолжува да има многубројни поддржувачи кои стојат зад идејата дека до правда треба да се дојде по мирен пат, без насилство и влегување во институции, иако можеби тоа се очекуваше да се случи на вчерашниот протест.

tvit 8

fgd

 

Независно од различните коментари на социјалните мрежи, тоа што со сигурност може да се каже е дека вчерашниот протест на Шарената револуција, беше најбројниот во изминатите два месеца на континуирано протестирање. Што по протестот, останува да видиме.

ЦМ

Оваа вест е достапна и на: Albanian