ДИВЕЕЊЕТО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ!

ЦИВИЛ – Центар за слобода повикува на итен прекин на насилството и беззаконието во Собранието на Република Македонија.

Насилниците и организаторите на овој насилен упад и насилството врз пратениците мора веднаш да се соочат со полната сила на законот.

Министерството за внатрешни работи мора да воведе ред и закон веднаш! Реакцијата на припадниците на специјалната полиција беше очигледно несоодветна на кризната ситуација и дозволија да се случи насилство врз пратениците од редовите на новото парламентарно мнозинство и новинарските екипи. Министерот за внатрешни работи и командниот состав на полицијата мора да одговорат на што се должи пропустот во обезбедувањето на Собранието.

Во овој тежок миг за Република Македонија, кога се загрозени фундаментите на демократијата и уставниот поредок на земјата, ги повикуваме сите граѓанки и граѓани на смиреност и мудрост и им честитаме на пратениците за решителноста и храброста да ги исполнат очекувањата на граѓанките и граѓаните да стават крај на тешката неизвесност на земјата во која ја туркаат структури против кои се водат истраги за тежок криминал, корупција, злоупотреби и изборни кражби.