ДПА Теарце: Гласачите на ДПА не се поткупуваат за ништо на светот

Демант на написот на ЦИВИЛ: „Теарце: Конфликти и неплатен поткуп“ (30.04.2014)

Просто не можев да поверувам и се уште не ми е јасно како еден ваш набљудувач може да изнесе такви невистини и лаги во врска со постизборниот ден за тоа што се случило во Теарце. Членовите на штабот на ДПА по добивањето на резултатите од страна на избирачките комисии, се разбира, беа радосни за постигнатиот резултат, мошне мирно и дисциплинирано си заминаа дома или во некоја од кафеаните на обичен кафе муабет. Членовите на ДУИ се собраа од сите страни во Теарце за да слават за нивната пирова победа во Теарце. Апсолутно невистинито е дека членовите на ДПА славеле таа вечер. Ова може да го потврди секој граѓанин на Теарце.

Но, тоа што ме иритира во вашиот напис е дека вашиот набљудувач изјавил дека стотина гласачи на ДПА се степале заради недобиени 500 денари за нивниот глас за ДПА.

Толку мизерна и ноторна лага за гласачите на ДПА во Теарце! Ова мора да се демантира од ваша страна. Гласачите на ДПА не се поткупуваат за ништо на овој свет. Тие гласачи се верни на својата партија и никогаш досега не направиле ни грам корупција.

Сите овие невистини за гласачите на ДПА во Теарце ќе ги најдете на друго место или во некој друг политички субјект. Во ДПА, никако.

Во интерес на вашата реномирана асоцијација потребно е за овие невистини за гласачите на ДПА во Теарце што е можно поскоро да се оградите и да се демантира пред целата јавност, со едно големо извинување кон гласачите на ДПА во Теарце.

Со почит,

Штаб на ДПА Теарце 

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish