Героски: Груевски, пораката од твојата багра е примена!

Станот на уредникот на Плусинфо и Слободен печат Бранко Героски во Охрид, беше вандализиран. На ѕидовите се испишани графити со заканувачка и навредлива содржина.

13254157_940543756067320_7860117786736812005_n

Фотографија од станот на Бранко Героски во Охрид.

Героски на својот Фејсбук профил напиша: „Еве, вака е нагрден мојот стан во Охрид синоќа. Случајот е пријавен во охридската полиција. Го известив и градоначалникот Бакрачески. Комшија Груевски, еве да те известам и тебе, да не биде дека последен дознаваш: Пораката е примена. Сега знам дека и еден друг настан што се случи пред неколку дена, не бил случаен, туку е порака од твојата багра. Само да знаеш, нема да ти успее да ме заплашиш. Купи си утре „Слободен печат“, па ќе видиш. А ти еден ден за сево ова ќе мора да се објаснуваш пред своите деца. Верувај, нема да ти биде лесно“.

ЦИВИЛ ја изразува својата солидарност и поддршка на сите активисти за човекови права и слободномислечки луѓе во Македонија.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email