Илија Балтовски од здружението "За нас се работи" и Џабир Дерала од ЦИВИЛ говореа по повод претставувањето на проектот "Граѓански објектив" во Битола, на 19 мај.
„Тоа што ЦИВИЛ го прави е на некој начин, излегување од медиумскиот мрак кој ја запоседнал Македонија“ - изјави Балтовски пред неколкуте стотици граѓанки и граѓани, кои беа собрани на плоштадот на самиот почеток на протестите за укинување на аболицијата и оставка на градоначалникот Владимир Талески кои во Битола се одржуваат речиси секој ден, повеќе од еден месец. Тој потоа го покани Дерала да се обрати пред собирот.
„Прилозите на граѓанските новинарки и новинари најчесто зборуваат за стремежот за слобода, демократија и правда“ - изјави, меѓу другото, Дерала.
Оваа вест е достапна и на: English