Публикацијата „Избори 2016“ (финален извештај на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг на политичкиот процес и предвремените парламентарни избори во Република Македонија 2016) произлезе од проектот „Напред!“ во период од 1 јули до 31 декември 2016 година.
„Избори 2016“ е резултат на несебичната посветеност на 300 луѓе кои работеа заедно кон креирање на сеопфатен извештај и анализа на политичкиот процес и предвремените избори во земјата.
Публикацијата опфаќа извештаи од теренот, анализи и соопштенија кои беа објавени на civil.org.mk, а се однесуваа на наоди, препораки и барања, соодветно на развојот на политичката криза во 2016 година.
Проектот и публикацијата се финансирани со германски средства при Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.