Европа бара оставка од Груевски и обезбедување фер избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан по интензивните разговори со Државната изборна комисија и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на кои им претходеа разговорите со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, со своја оценка за состојбата во која се наоѓа Македонија.

Целосната имплементација на Договорот од Пржино е политички приоритет на кој треба да се посветат сите политички чинители во државата, е заеднички став на тројцата европратеници.

DSC_0622Постои загриженост за непочитувањето на предвидените рокови како и за уназадувањето во дел од итните реформски приоритети. Како што истакна Ховит, тоа што може да се извлече како заклучок од разговорот со специјалната јавна обвинителка, е дека судот го блокира процесот и пристапот до доказите, што е основ за непречено одвивање на работат на СЈО. Според него потребни се структурни реформи и Груевски да поднесе оставка.

Ставот дека политичарите се сервис на граѓаните е почетна точка во сите разговори со политичките партии во Македонија, и на тоа треба постојано да се потсетуваат, со цел излез од политичката криза во која се наоѓа државата, истакна Едуарт Кукан. Обезбедување на фер и демократски избори и имплементирање на сите точки од пржинскиот договор ќе овозможи повторно враќање на патот кон Евроатланските интеграции, во спротивно неуспехот може да ја чини Македонија губење на препораката за влез во Европската Унија. ЕП ќе биде присутен за време на изборите како натамошен показател за нивната посветеност и солидаризирање со македонските граѓани.

DSC_0670Медиумите продолжуваат да бидат најголем проблем за кој се уште нема заеднички став помеѓу политичките партии, смета Иво Вајгл, според кој граѓаскиот сектор, неговите позитивни и искрени заложби за имплементација на Договорот од Пржино, не смеат да останат незабележани и треба да се земат предвид.

ЦИВИЛ-Центар за слобода во саботата објави анализа со наслов: “Само слободни избори се шанса да с еврати владеењето на правото”. Анализата беше испратена и до ОБСЕ и до дел од амбасадите во Република Македонија. Исто така, претставничката на ЦИВИЛ, Билјана Еверет, непосредно пред пресконференцијата на тројцата европратеници излезе со сублимиран став за политичката криза во која се наоѓа Македонија.

Марија Теговска

Фотографија: Биљана Јордановска

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian