Кампања на ЦИВИЛ за слободни избори

ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска ја започнува својата видео-кампања под наслов „За слободни избори“. Екипата на ЦИВИЛ сними изјави од 27 интелектуалци, уметници и активисти, кои ги споделија своите мисли, чувства и пораки за слободни избори. Почнувајќи од денеска, 16 ноември 2015 година, ЦИВИЛ ќе публикува по една изјава од оваа кампања, секој ден.

Поддршката на оваа нова кампања за слободни избори може да се даде преку преземање, реобјавување и споделување на видео содржините во медиумите и на социјалните мрежи. Кампањата се состои од видео изјави објавени на YouTube каналот и веб-страницата на ЦИВИЛ, како и од низа други медиумски и теренски активности на организацијата, со цел да се зајакне јавната свест за правата на гласачите. Тонските записи од изјавите се објавени на SoundCloud каналот на ЦИВИЛ. Сите содржини се под лиценцата Creative Commons, што подразбира слободно преземање без барање согласност од изворот.

4freeelections

Оваа година ЦИВИЛ започна со низа проекти со цел да придонесе кон надминување на политичката криза и создавање услови за слободни избори. Оваа кампања е дел од тие проекти.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish