КЛИКНИ ЗА СЛОБОДА!

Цивил – Центар за  слобода, во коалиција со неколку меѓународни организации за човекови права и медиумски слободи, покрена меѓународна капмпања за активизам преку социјалните мрежи, со цел да се изврши притисок за исправање на неправдата нанесена на македонскиот новинар Томислав Кежровски, осуден од македонските власти со 4,5 години затвор. Заинтересираните можат да се вклучат во кампањата, следејќи ги упатствата од текстот во продолжение, или преку веб страницата до која води линкот http://n-ost.org/news/unser_kollege_kezarovski, кој го објавуваме и на нашата веб страна

click for freedomМеѓународна коалиција на медиумски организации и растечки број на загрижени европски граѓан(к)и повикуваат на рехбилитација и безусловно ослободување на македонскиот новинар Томислав Кежаровски.

Ги повикуваме сите да го поддржат Томислав Кежаровски и слободата на медиумите во Македонија преку изразување на својот протест на каналите на македонските власти присутни на социјалните медиуми. Целта е властите да разберат дека ние го следиме случајот и дека пресудата на Кежаровски ќе ја повреди репутацијата на Македонија. Ќе најдете повеќе информации за случајот подолу во текстот.

Придружете се...

...со објавување на постови на корисничките акаунти на социјалните медиуми на следните лица вклучени во случајот

Приложени се готови постови насочени кон надлежните лица, Ве молиме споделете ги на вашите мрежи:

  • на Facebook account на Министерот за правда на Република Македонија, Блерим Беџети

Почитуван Министре Беџети, јас го следам случајот на Т. Кежаровски и повикувам на негово ослободување и рехабилитација. Ве молам почитувајте ја слободата на медиумите. Ви благодарам!

  • На Contact Form на Судот на чело со Претседателот на судот, Владимир Панчевски

Почитуван Претседателе Панчевски, јас го следам случајот на Т. Кежаровски и повикувам на негово ослободување и рехабилитација. Ве молам почитувајте ја слободата на медиумите. Ви благодарам!

 

  • на Linkedin account на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски

Почитуван Обвинителу Зврлевски, јас го следам случајот на Т. Кежаровски и повикувам на негово ослободување и рехабилитација. Ве молам почитувајте ја слободата на медиумите. Ви благодарам!

или преку вашата Твитер страница

Премиер на Р. Македонија, Никола Груевски , Nikola Gruevski (кој коментираше на случајот)

.@GruevskiNikola, го следам случајот #Кежаровски и повикувам на негово ослободување и рехабилитација. Ве молам почитувајте ја слободата на медиумите: http://bit.ly/17P6WHq

 

  • Заменик Министер за Европски интеграции, Фатмир Бесими.

@Fatmir_Besimi, го следам случајот #Кежаровски и повикувам на негово ослободување и рехабилитација. Ве молам почитувајте ја слободата на медиумите: http://bit.ly/17P6WHq

Македонскиот новинар Томислав Кежаровски беше уапсен во мај 2013 година и беше притворен 6 месеци под тешки услови. Тој е обвинет за откривање на идентитетот на заштитен сведок во текст кој го напиша во 2008 година за магазинот „Репортер 92”.  Во неговиот текст Кежаровски всушност откри злоупотреба на полициските надлежности во случај убиство: Подоцна заштитениот сведок се обрати до судот дека неговото сведочење во врска со убиството било лажно и било направено под закана од полицијата. Повеќе е од јасно дека со неговиот текст од 2008 година, Кежаровски делуваше во интерес на јавноста. Треба да се забележи дека пред да биде уапсен, Кежаровски ја истражуваше се уште неразјаснетата смрт на Никола Младенов, македонски издавач и уредник во независен медиум.

Кон крајот на октомври 2013, Кежаровски беше казнет со 4.5 години затвор. Оваа пресуда треба да се обзакони со финална судска одлука во рок од 60 дена. На 6-ти ноември судот одлучи Кежаровски да се префрли во домашен притвор, додека се чека на финалната пресуда.

Неговиот случај покренува прашања и дискусии во врска со слободата на медиумите во Македонија.

Кампањата е организирана и поддржана од Civil, n-ost Reporters without Borders (German Section), Scoop и BIRN.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish