Граѓанскиот новинар Сотир Габелоски известува дека во Крушево продолжува злоупотребата на службените возила за партиски и лични интереси. Тој до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа испрати фотографија од службен автомобил марка „Форд Фокус", во сопственост на СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, што во ноќните часови бил паркиран во близина на домот на Нико Чонески, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Крушево.
„Директoрка на гимназијата е Фаница Николоска и ваквата злоупотреба на ова службено возило за приватни и партиски цели не е прв случај. Меѓу крушевчани е познато дека сопругот на Николоска, лично го користи овој автомобил за приватни цели“, вели Габелоски.
Поминаа три месеци, а крушевчани не добиле одговор на прашањето - Што правеа службените возила на Јавното претпријатие „Комуна“ и новото службено возило на Општина Крушево, пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, доцна навечер?
Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.