Ова е анализа на резултатите од онлајн истражувањето на ЦИВИЛ. Овој прашалник е сегмент од пошироко истражување и е дизајниран за организациите на граѓанското општество и пошироката јавност, преку веб страната на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи.
Преку овој прашалник дојдовме до квантитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности, ставот на испитаниците за изборните процеси во 2013 и 2014 година, ставот за извештаите од изборното набљудување на ЦИВИЛ, како и за тоа дали се почитуваат човековите права и слободи.
На прашалникот одговорија 223 испитаници во периодот 21-28 март 2015 година.
1. Граѓан(к)ите на Република Македонија го познаваат своето гласачко право.
| Точно | 35.9% |
| Неточно | 64.1% |
2. Која од наведените категории најмногу придонесува за запознавање на граѓан(к)ите со гласачкото право?
| Огранизации на граѓанското општество на национално ниво | 27.8% |
| Организации на граѓанското општество на локално ниво | 17% |
| Државна изборна комисија | 7.2% |
| Влада | 0.4% |
| Општина | 0% |
| Активисти на политичките партии | 8.1% |
| Традиционални медиуми (ТВ, радио, весници) | 26% |
| Интернет | 13.5% |
3. Локалните избори во 2013 година беа фер и демократски.
| Да | 5.8% |
| Не | 94.2% |
4. Претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014 година беа фер и демократски.
| Да | 4.5% |
| Не | 95.5% |
5. Граѓан(к)ите можат да препознаат изборни нерегуларности, манипулации и притисоци.
| Да | 58.7% |
| Не | 41.3% |
6. Граѓан(к)ите имаат каде да се обратат за да го заштитат своето гласачко право.
| Да | 23.3% |
| Не | 76.7% |
7. Граѓан(к)ите го бараат своето гласачко право кај...
| Државна изборна комисија | 37.2% |
| Институциите на правдата во Република Македонија (судови) | 6.3% |
| Полиција (МВР) | 6.7% |
| Невладини организации во РМ | 30.9% |
| Странски мисии (ОБСЕ/ОДИХР, други) | 18.8% |
8. Оценките на ЦИВИЛ за изборите се објективни и вистинити.
| Да | 88.3% |
| Не | 11.7% |
9. Човековите права во Република Македонија се почитуваат.
| Да | 3.1% |
| Не | 96.9% |
Македонски
Shqip
English

















