Меѓу девет кандидати ќе се избира петтиот член на ад хок телото

Деветмина се кандидирани за петтото место во ад хок телото, кое ќе го мониторира изборниот процес во медиумите, согласно со постигнатиот политички Договор од Пржино. Привремената комисија ги верификува апликациите и во законски рок во среда, на 24-ти овој месец, ќе го избере петтиот член

Според информациите лични апликации до Привремената комисија доставиле: Сефер Тахири, Бесмира Ејупи, Илир Ајдини, Ајат Реџепи, Даут Даути, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков. Додека новинарот и истакнат граѓански активист, дел од тимот на НВО ЦИВИЛ - Центар за слобода, Петрит Сарачини е предложен од Љубомир Костовски, член на ад хок телото, којшто беше предлог на СДСМ.

12802704_915368521914951_8316414226609392445_n

Петрит Сарачини

Освен Костовски и Горан Трпеновски е предлог на опозицијата, додека Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова се предложени од ВМРО–ДПМНЕ. По изборот на петтиот член и на предлог на ад хок телото, директорот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски треба да го именува претседателот на ова регулаторно тело, кој треба да биде од албанска националност.

Ад хок телото и главниот уредник на МТВ, кој треба да биде предлог на СДСМ, всушност, ќе го чинат фронтот којшто согласно со политичкиот Договор од Пржино, треба да обезбедат балансираност и објективност во изборната трка на политичките субјекти на медиумското поле.

Еснафските здруженија со недоверба гледаат кон овие политички решенија, а членови на ад хок телото ветуваат принципиелност, иако очекуваат пречки и притисоци во работата.

М. Талеска

Оваа вест е достапна и на: Albanian