Караванот на слободата пристигна во Струмица со голем мултимедијален настан. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до пред полноќ.
Мугер Фугер, Сетстат и Вајп Аут се бендовите кои ќе пеат и свират со звуците на слободата, додека своите стихови и пораки ќе ги испрати Ѓорѓи Калајџиев, поет, новинар и водител. Покрај него, ќе настапат и поетите Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа. Со диџејски сетови ќе настапи Тед Детман, како и дел од екипата на ЦИВИЛ Арт. Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ.
Во 18.30 часот ќе се одржи панел-дискусијата „Македонија со или без слобода“, на која ќе модератор ќе биде Синиша Станковиќ, а учесници се професорката Мирјана Најчевска, Ѓорѓи Калајџиев и активистката Ленче Христовска.
На сцената ќе говорат претставници на ЦИВИЛ и на граѓанското општество од Струмица.
На мултимедијалниот настан во Струмица ќе се собира и хуманитарна помош за настраданите од поплавите во скопско.
Караванот на слободата на ЦИВИЛ ќе опфати над 30 општини во Република Македонија, со 9 големи мултимедијални настани во 7 поголеми градови во Македонија.
#БидиСлободен #BeFree