Арнаудов: Најтешко е без татковина!

„Ситуацијата е полоша отколку што изгледа. Единствено зошто не стана посериозна е поради Албанците и нивните партии кои покажаа висока државотворност, за која најискрено им благодарам. Тешко е без мајка, тешо е без татко, но најтешко е без татковина” - рече Ламбе Арнаудов од ВМРО-НП во својот емотивен настап на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=E-FgyTOCmB4[/youtube]

Жестоки критики на сметка на власта, одложување на изборите, повлекување на аболицијата на Иванов, ослободување на медиумите, департизација на судството и низа други мерки и реформи за излез од политичката криза во Македонија, се дел од ставовите на највисоките претставници на над дваесет политички партии кои денеска беа дел од четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија присуствуваа над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, медиуми, граѓански иницијативи и дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.