Немаме намера да се воздржиме од укажувањата за пропустите на ДИК

Невладината организација ЦИВИЛ во целост постапува според својот мандат, во рамките на законските прописи, за мониторинг на севкупниот изборен процес во Република Македонија, во што спаѓа и следење и коментирање на работата на ДИК. Тоа ќе го правиме и во иднина, со цел Македонија да дојде до ситуација во неа да се одржат слободни, фер и демократски избори, како врвен јавен интерес на македонската демократија. 

Изминатите години и непријатните искуства покажаа дека е неопходно континуирано и детално следење на работата на ДИК и од невладиниот сектор кој е специјализиран за тоа, за да се избегне повторувањето на состојбите во кои ДИК беше продолжена рака на партиите на власт. Впрочем, за изборните нерегуларности и за кршењата на изборната регулатива во Република Македонија во моментов се водат истражни постапки со голема основаност за сторени тешки кривични дела од областа на организираниот криминал, а кои се однесуваат на повеќе изминати изборни процеси.

Затоа, немаме намера да се воздржиме од укажувањата и предупредувањата за пропустите во работата и на сегашниот состав на ДИК.

ЦИВИЛ постои за заштита на демократските интереси на граѓан(к)ите на Република Македонија, а не за допаѓање или недопаѓање на членовите на ДИК.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish