ЦИВИЛ – Центар за слобода започна со нова анкета, овојпат на тема „Дали и какви избори ќе има на 5-ти јуни“ (кликнете на линкот). Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира мислењето на граѓанките и граѓаните за изјаснувањето на повеќето опозициски партии да ги бојкотираат изборите на 5-ти јуни.
Понатаму, во анкетата се поставуваат повеќе прашања за тоа дали се обезбедени условите за одржување слободни избори, дали изборите ќе помогнат во надминување на политичката криза, за довербата во Избирачкиот список, политичката дискриминација, медиумите и Договорот од Пржино.
Анкетата се спроведува во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, кој произлегува од потребата на граѓан(к)ите да се вклучат во создавањето услови за спроведување слободни избори. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Освен пополнување на анкетата, можете да се запознаете и со низа други содржини на веб страницата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на изборниот процес и политичката криза, онлајн формуларот за пријавување политички и други притисоци, како и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.