Неовластено снимање во Битола

Лице вработено во СВР Битола, беше забележано дека неовластено снима на протестот на Шарената револуција, организиран на 6-ти јуни во Битола. 

Поминувајќи  пред Основиот суд Битола (кој веќе е обоен во знак на поддршка на Шарената револуција), демонстрантите застанаа пред Аплациониот суд, каде во моментот кога започна да се фрла боја врз оваа зграда, беше забележано лице кое ги снимаше демонстрантите додека фрлаат боја. Во тој момент, неколку демонстранти се втурнаа кон него, но многу бргу женски лица со кренати раце, застанаа пред снимателот и го прегрнаа, со аргументи дека не се работи за непријател, туку за човек што мора да ја работи својата работа и да ги извршува наредбите на претпоставените.  Иако имаше и демонстранти кои сакаа да го нападнат лицето кое снимаше, тие беа спречени од еден активист и член на СДСМ во Битола (Игор Мицевски - Тентеле).

 

13401214_10154195940808618_2132125176_n

Откако демонстрантите го исфарбаа и Апелациониот суд, продолжија кон зградата на Општина Битола, каде што лицето сепак, продолжи да ги снима.

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-200x166Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian