Објавен списокот на спорните гласачи

Државната изборна комисија го објави списокот на 39.502 илјади спорни гласачи. На овој начин граѓанките и граѓаните ќе можат да проверат дали се дел од оние чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни. Доколку се дел од овој список, во наредните 25 денови ќе имаат можност да се пријават лично или со електронска пријава.

ЦИВИЛ - Центар за слобода ги повикува сите граѓан(к)и да ја извршат својата граѓанска должност, да проверат дали се дел од овој список, и доколку тоа е случај - да се пријават. На тој начин, секој има можност да придонесе кон пречистувањето на Избирачкиот список и на тој начин да се обезбедат услови за фер и демократски избори.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian