Провладините медиуми изминативе неколку дена се занимаваат со „истражувачко новинарство“ при што обелоденуваат сметки на новинари и активисти кои земале хонорари од организации кои се финансирани од странски донатори за да учествуваат во Шарената револуција. Иако не наведуваат од каде им се тие информации, повеќе од јасно е дека се работи за нелегално откривање на податоци.
Објавувањето на списокот на лица што земале пари од странски донатори или домашни организации е обид да се дефокусира вниманието, бидејќи ден пред тоа имаше објавена информација за енормните заштеди кои ги има екс-премиерот Никола Груевски за кои тој изјавува дека му се од платата што ја примал како премиер - тврди член на експертскиот тим на ЦИВИЛ.
Конечно и сериозно сфаќајќи ја силата на Шарената револуција, објавениот список е само уште еден паничен обид на медиумите под контрола на власта да се релативизира вредноста и капацитетот на структурата на Шарената револуција, а со тоа да се релативизира и големата моќ што ја има оваа револуција - се истакнува во изјавата.
Д.М.