Пред полна сала високи претставници на општина Охрид, членови на Советот, раководители на јавни претпријатија и подрачни единици на државните институции, активисти на политичките партии, медиуми и граѓанки и граѓани на Охрид, ЦИВИЛ го претстави проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“.
На Средбата со граѓанките и граѓаните на тема „Сите за слободни избори“, се поведе дебата за политичката криза и за условите за одржување избори во Република Македонија. Иако на моменти жестока и антагонизирана, дебатата беше пристојна и протече во демократски дух.
Општина Охрид обезбеди одлични услови за овој настан, додека охридските медиуми, без исклучок, го покрија овој настан на мошне професионален начин.
Редакцијата ЦИВИЛ Медиа го документираше овој настан кој беше богат со содржини и информации, за што ќе подготви детални извештаи во текот на наредните денови.