Од што се исплаши Талески?

Настанот на ЦИВИЛ - Центар за слобода го привлече вниманието и на локалните медиуми во Битола.

Настанот во рамките на Иницијативата Социјална правда сега! во Битола, и покрај сите опструкции, започна според предвиденото.

Настанот, на кратко, го прекина невремето, по што изјава за медиумите даде Синиша Станковиќ, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, а продолжението на проекцијата на продуцираните материјали се одржа во просториите на организацијата „За нас се работи“.

„Ако сведоштвата на битолчани го плашат градоначалникот дотолку да не ни дозволи да покажеме што битолчани мислат за него, јас не знам како тој човек до сега излегувал на избори... Дали тој човек како политичар мисли утре пак да се соочи со волјата на битолчани...“ изјави за локалните медиуми уредникот на Цивил Медиа, Синиша Станковиќ.