Кризата во Република Македонија нема да се реши со оставки, односно замена на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески и директорот на УБК Сашо Мијалков. Граѓанките и граѓаните добро знаат дека проблемот е целата Влада.
Бараме Груевски и целата гарнитура на власт да дадат оставки и да поднесат одговорност за сите наводи за кривични дела и лошо владеење.
Второ барање на ЦИВИЛ е итно ослободување на сите политички затвореници во Македонија, почнувајќи од притворените студенти од протестите кои започнаа на 5 мај. Условите во македонските затвори се далеку под човечкото достоинство и спротивни на меѓународните стандарди и конвенции на кои е обврзана земјата.
Ова не е барање за покажување добра волја, туку барање да се сопре со апсење на политичките неистомисленици, спротивно на Уставот и законите.