Експертски панел: Македонија во правно и политичко лимбо

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира експертска панел дискусија „Македонија: Правно и политичко лимбо“ в четврток, 26 јануари, во хотел Парк Резиденс, зад фудбалскиот стадион во Скопје, со почеток во 12:30 часот.

Постизборниот период во Република Македонија донесе нови неизвесности, продолжени политички тензии и сериозни правни дилеми.

  • Дали Претседателот Ѓорге Иванов го следеше словото на Уставот и законите во целост при доделувањето на мандатот за составување на влада?
  • Дали свикувањето и водењето на првата седница по изборите беше во согласност со законите и деловникот?
  • Дали имаме ситуација на извршување двојни јавни функции – министри и пратеници истовремено?
  • Дали Јохан Тарчуловски има право да биде пратеник, со оглед на тоа дека е правосилно осуден воен злосторник?

На овие и други важни прашања, ќе се обидеме да побараме одговор од експертите, поканети на оваа дискусија.

ЦИВИЛ ги поканува и медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии, меѓународната заедница и заинтересираните граѓанки и граѓани. По излагањето на панелистките и панелистите, следи дискусија и отворен микрофон.

Како и секогаш, ќе биде овозможено да се поставуваат прашања и коментари во текот на дискусијата од онлајн заедницата.

Хаштаг на настанот е #лимбоМК, #limboMK

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish