Патот од разбирање до одбрана на слободата на изразувањето и слободата на медиумите

„Од разбирање до одбрана“ е проект кој ќе придонесе кон разбирањето и заштита на слободата на изразување, и слободата на медиумите во Република Македонија, а кој ЦИВИЛ - Центар за слобода започнува да го имплементира од 15 октомври 2017 година. Проектот ќе се имплементира за пет месеци. 

Истражување, анализа и препораки за акција за подобрување на областите на слободата на изразување, медиумските слободи и граѓанското учество. Проектот ќе собира и објавува информации за состојбата на теренот низ целата земја и ќе придонесе за разбирање на темите релевантни за проектот. Овие активности ќе генерираат анализа и препораки за конкретни акции и мерки за заштита на слободата на изразување и слободите на медиумите.

Проектот ќе вклучува над 150 учесници од 10 локации низ целата земја, поделени во пет категории, кои ќе служат како извор на информации за перцепциите и за состојбата во областа на слободата на изразување и слободите на медиумите. Повеќе од 150 парчиња медиумски содржини ќе бидат произведени и објавени на медиумите на CIVIL и социјалните профили и ќе служат како ресурс од јавен домен за понатамошни истражувања и акција.

Проектниот тим ќе разговара со сопственици на медиуми, уредници, новинари и локални дописници, активисти и граѓански новинари, како и со претставници на други засегнати страни и општата популација.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите", спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish