Анонимен граѓански новинар до ЦИВИЛ испрати снимки и фотографија за злоупотреба на деца во изборна кампања.
Директори, професори и ученици од повеќе училишта во Сарај ги напуштиле часовите за да учествуваат на средбата со граѓани во организација на ДУИ.
Покрај изборната кампања, повод за собирот бил и положување цвеќе пред споменикот на Иса Болетини, по повод Денот на албанското знаме во Сарај, од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Пред почетокот на средбата, се санирал и просторот кај споменикот.
ЦИВИЛ на прес-конференција на 28 ноември, на која го презентираше извештајот за изборните нерегуларности од почетокот на кампањата, апелираше до политичките партии да ги остават децата на мира и преку нив, да не вршат притисоци на родителите.
Проект „Граѓански објектив“