Лилјана Поповска од ДОМ, на јавната дискусија "Плурализмот и политичката криза", која ја организираше ЦИВИЛ-Центар за слобода, зборуваше за непрочистениот Избирачки список, фарсата која започна со теренската проверка, и потребата ДИК да поднесе оставка, за почеток на разврската на политичката криза во која се наоѓа Македонија.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=ZZ623C2GOEI[/youtube]
Според Поповска, за почеток на разврската на политичката криза, потребна е оставка на Државната изборна комисија, како институција која е одговорна за непрочистениот Избирачки список. „Тврдењето на ДИК, дека Избирачкиот список е прочистен, е контрадикторно со нивната изјава за над 330 илјади сомнителни лица", потсети Поповска.