Почнуваат натпреварите за најдобри граѓански новинари

Семинарите „Биди граѓански новинар!“, во рамки на проектот „Граѓански објектив“, завршија заклучно со петтиот семинар кој се одржа во Велес, на 19 и 20 декември.

nedЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува сите учесници и учеснички на семинарите „Биди граѓански новинар!“, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија да учествуваат во месечните натпреварувачки циклуси за најуспешни видео снимки и фотографии за сите видови закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, кршење на гласачкото право, злоупотреба на јавните ресурси и администрација.

Секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари.

Првите награди ќе бидат доделени на почетокот на февруари 2016 година. Рокот за пријавување на вашите трудови е до 20 јануари.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во нашиот проект.

ЦИВИЛ – Центар за слобода Ви се заблагодарува на сите за вашето учество, интерес и посветеност. Ве охрабруваме да земете активно учество како граѓани и граѓанки кои преку истражувањето, медумски активности и активизам, како основа за долгорочно набљудувње, ќе дадете свој придонес за развојот на граѓанското новинарство.

Општа цел на проектот „Граѓански објектив“ е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на престојните избори, да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во избоните процеси и да се идентификуваат случаите на кршење на гласачкото право.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish