Членови на партијата Обединети за Македонија денеска протестираа пред затворот во Идризово барајќи ослободување на нивниот лидер Љубе Бошкоски.
Приврзаниците на Бошкоски бараа тој по брза постапка да биде ослободен од затвор. Од Живко Пејковски, директорот на затворот на Идризово, тие бараа да го пушти Бошкоски, три месеца порано од истекот на издржувањети на казната, бидејќи тоа е право на секое осудено лице.
Демонстрантите потенцираа дека власта врши силен притисок врз директорот Пејковски да не го потпише решението за ослободување на Бошкоски пред 5 јуни, терминот на којк се закажани изборите. Тие велат дека Бошкоски може уште утре да биде пуштен од затворот во Идризово, три месеца пред истекувањето на казната, поради примерното поведение. Особено затоа што и директор на затвор има дискреционо право да потпише да биде некој осуденик ослободен од затвор три месеца пред истекувањето на казната.
На протестот беа присутни и Стојанче Ангелов и членови на неговата партија „Достоинство“.
Бошкоски ја издржува петгодишната затворска казна за контроверзниот случај „Кампања“, во кој е осуден за злоупотреба на службената положба и за незаконско финансирање на кампањата.
Оваа вест е достапна и на: Albanian