Провладини новинари ни продаваат „народни приказни“

Самка Ибраимоски, од ромската партија ПЦЕР, на дебатата „Плурализам и политичка криза“, организирана од ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 2 февруари, покрај критиките упатени до провладините медиуми, тврди дека Ромите се најзлоупотребувана заедница во Република Македонија. Тој вели дека може да има избори само ако има попис и дека за Македонија е подобро да има една изборна единица.

На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=lDazUvV0yUw[/youtube]