„Реформи“ за планирање семејства: Граѓанките кои планираат бременост веднаш да го информираат лекарот!?

На ѕидот во ходникот во приватната општа болница во општина Петровец, е поставен лист со соопштение за пациентките: „Ако сте бремена или планирате бременост, веднаш да му кажете на докторот!“

Граѓанинот кој ни ја испрати информацијата, посака да остане анонимен. Според него, ова соопштение стои веќе десетина дена, и граѓаните коишто одат на лекар се зачудени зошто е поставено, и прашуваат кој му дал таква дозвола на лекарот да се меша во приватноста на граѓанките. Дали оваа одлука е донесена од матичниот лекар во приватната здравствена установа, од сопственикот, или се работи за препорака/наредба од Министерството за здравство?

bremeni2

Меѓу циничните коментари на пациентите бил и оној дека можеби Министерството и на ваков начин сака да влијае и да го поттикне проектот за „трето дете“? Или, можеби, според „ургентните“ најави за бремености, кои ќе произлезат од „плановите“ на граѓанките кои, нели, редовно би го известувале лекарот за проширување на семејството, болницата би ја градела кадровската политика и би ангажирала дополнителен гинеколог?


 

CIVIV LENSES logo EN - CopyОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.