Шарената револуција повикува на протест

Шарената револуција продолжува. Граѓанските активисти денеска повторно повикаа на масовен протест во Скопје, кој ќе започне пред Специјалното Јавно обвинителство во 19 часот. „Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам!“ – е денешниот слоган на повикот за протест.

sarena_revlucija_protest_27_juni_2016

Според прогласот на Шарената револуција, објавен на официјалната страница на протестите на социјалната мрежа Фејсбук, правдата е под сериозна закана, Уставниот суд е под партиска опсада,  Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните, а власта сака да преговара тајно и не сака да се чуе мислењето на граѓаните.

„Борбата за правда продолжува!  Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, се вели во соопштението на Шарената револуција.

Оваа вест е достапна и на: Albanian