Шарените револуционери го поддржаа СЈО!

Поддршка за работата на Специјалното Јавно обвинителство како легитимен предводник на силите кои се борат за враќање на правната држава и апел да се остави СЈО да ја заврши работата за која е формирано со согласност на лидерите на четирите најголеми политички партии како дел од Пржинскиот договор, беа главните акценти на демонстрантите кои ги анкетиравме додека протестираа пред Собранието.

На вчерашниот протест што се оддржа како знак на поддршка на СЈО со паролата „Вашето време истече“, граѓанските активисти  од Шарената револуција со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа , упатија барање до политичарите беспредметно да не ја напаѓаат Специјалната јавна обвинителка со лични навреди, а од институциите да ги обезбедат потребните услови за непречена работа на СЈО.