Неколку стотини студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа пред канцелариите на Студентскиот парламент (СПУКМ) револтирани од „најсрамните избори во историјата на најстариот универзитет во Македонија“, како што ни изјавуваат учесниците во протестот. Пред канцелариите на СПУКМ имаше масивно полициско присуство. Денеска немаше оклопни полициски возила, кои вчера вечерта дојдоа да ја зашититат изборната измама на студентските избори.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=Virkb47BVnE[/youtube]
Ивана Туфегџиќ им порача на полицајците дека нивната бруталност, влегувањето во универзитетски простории и насилно отстранување на студентите кои мирно протестираа со кренати раце се срамни постапки. Таа посочи и на фактот дека вчера, во кампусот на УКИМ, кога била повикана полиција да спречи кражба на кутиите, не им бил дозволен влез на две од четири патроли на полицијата.
Ермин Климента