Стеваноски: Правниот систем е подреден на владејачката партија

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со адвокатот Жарко Стеваноски, кој во јулскиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“, ја освои третата награда за фото веста Предизборие: Притисок, мобинг, уцена, ултиматум... . Со Стеваноски разговаравме за неговиот мотив како адвокат, да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“ и според него, адвокатурата е професија преку која тој успеал да ги увиди проблемите со кои се соочуваат граѓаните и невладините организации, во правен систем што е целосно подреден на владејачката партија, со цел да обезбеди послушност на граѓаните и на граѓанскиот сектор.

Како што вели Стеваноски, проектот „Граѓански објектив“ е еден од начините да се придонесе за обелоденување на притисоците на власта.

Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

Оваа вест е достапна и на: Albanian