По распуштањето на Собранието на Република Македонија и "бетонирањето" на денот на изборите на 5 јуни, сите албански опозициски партии остануваат на ставот дека условите за слободни избори не се дури ни од блиску исполнети. Во однос на учеството на изборите, повеќето од овие партии имаат негативен став, а некои од нив ќе го соопштат својот конечен став за учество на изборите во текот на оваа недела.
Новоформираната партија „Унитети“ (Единство) на Гзим Острени и пратеникот Зулфи Адили со став: "Нема да легитимираме украдени избори." Во соопштението на партијата се вели дека по одлуката за распуштање на парламентот и за избори на 5 јуни без исполнување на клучните точки од Договорот од Пржино: прочистен Избирачки список, реформи во медиумите и одделување на партијата од државата, партијата Унитети јасно изјавува дека нема учествува на такви избори, затоа што така би легитимирала украдени изборите од партиите на власт. "Овој став партијата го претстави и на својот Прв конгрес. Унитети ќе инсистира, со помош на меѓународниот фактор и на секој домашен субјект кој има за цел да ја врати демократијата во земјата, да се создадат услови за одржување на избори, на кои гласот на граѓанинот ќе биде неприкосновен и полноправен", се вели во соопштението на партијата.
И Националната демократска преродба во својата изјава со решителна позиција. "Националната демократска преродба во континуитет има цврст став во врска со организирањето на парламентарните избори, дека избори може да има само по решавањето на важните прашања во земјата и затоа, оваа максима останува неменлива и по едностраното распуштање на парламентот вчеравечер. Национална демократска преродба нема да учествува на изборите на 5 јуни, се додека најпрвин не се понудат решенија за нормално функционирање на државата ", се истакнува во соопштението на НДП.
Според претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села, партијата што ја води никогаш не оценила дека има услови за слободни избори. Тој информира дека набрзо, ДР – ДПА ќе се произнесе за ситуацијата создадена по распуштањето на Собранието. "Наскоро ќе излеземе на прес-конференција со нашиот став, секако во текот на неделава", рече во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа претседателот на ДР - ДПА, Зијадин Села.
Во став објавен на неговата страница на Фејсбук, распаѓањето и изборите ги коментираше и лидерот на Движењето Беса, Билал Касами. "Сметам дека во Македонија не постојат услови за слободни, фер и демократски избори, додека за учеството или не на изборите на 5 јуни на Движењето Беса ќе одлучува Генералниот совет на движењето. За нас, како Движење Беса, најважно од се е исполнувањето на предусловите за еден коректен изборен процес. Како претседател на Движењето Беса, сметам дека не можеме да одиме на избори на кои се легитимира маинпулирањето, на кои повторно се избираат криминалци и на кои се гази демократската волја на граѓаните на Република Македонија ", подвлече Билал Касами, претседател на Движењето Беса. Според претставници на оваа партија, се очекува Советот да се состане и да донесе одлука во текот на оваа недела.
Петрит Сарачини
Оваа вест е достапна и на: Albanian