Над 1000 граѓани излегоа на протести во Велес денеска. Низ централниот дел на градот, граѓаните маршираа, извикувајќи ги слоганите: „Нема правда, нема мир! Мафија на робија! Оставка! Еве ви го народот! Поддршка за СЈО!“
Демонстрантите застанаа и пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и скандираа: „Излези, Илија! Не се криј, Илија!“ Зградата на партиското седиште во Велес беше силно обезбедена со полициски сили. На протестите не беа забележани инциденти.
Нови протести се закажани за утре, со почеток во 18 часот.
Текст, фото и видео: Дејан Ристов