Вработените го обвинуваат министерот Спасов: Престанете со политичкиот терор!

Во рамките на набљудувањето на политичките состојби во Македонија, ЦИВИЛ - Центар за слобода известуваше за случаи на притисоци и на малтретирање на вработени во Министерството за труд и социјална политика. За жал, сосотојбата во тоа Министерство се влошува, по враќањето во министерската фотелја на младиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов. Илустрација за односот на власта кон политичките неистомисленици е отвореното писмо, кое беше , а кое беше испратено и на адресата на ЦИВИЛ Медиа, со кое вработени во Министерството го повикуваат Спасов, да престане да врши притисок и политички терор врз вработените кои имаат различни ставови и мислат поинаку, и го обвинуваат за нетолерантност и одмаздољубивост.

"Господине Диме Спасов, Ви се обраќаме со полно име и презиме, како долгогодишни професионалци кои со години работат, достоинствено и чесно го градат својот професионален профил и углед во Министерството за труд и социјална политика,  и бараме од вас и од овластените лица од вас, да престанете да вршите 'политички терор' и притисок врз нас и сите кои поинаку мислат од вас и имаат поинакви ставови, мислења и перцепција за севкупните општествени текови“, се вели во отвореното писмо, во кое вработените Јованка Тренчевска, советник, Наташа Методијева, соработник, Јасмина Јовановска, раководител на одделение и Зихра Мемети, раководител на сектор, го обвинуваат старо-новиот министер дека уште од доаѓањето на функцијата министер за труд и социјална политика, без повод и причина покажал „нетолерантност, игнорирање,  негативен став, притисок и дискриминација кон секој еден со идеологија различна од вашата, без да земете во предвид дека се работи за професионалци со долгогодишно искуство во областа во која работат и кои во текот на работното време, освен професионалните обврски, не се занимаваат со ништо друго“.

Потенцирајќи дека претходниците на Спасов не ги делеле државните службеници на „наши“ и „ваши“, вработените го обвинуваат министерот дека неговата тортура и психички притисок особено добил на интензитет, „во првите минути“ откако парламентарното мнозинство говрати на функцијата. „Таквото ваше однесување и сите активности што ги преземавте против нас уште во првите 24 часа од вашето 'владеење', а и потоа, се спротивни на сите закони, кодекси, етики и меѓународни документи кои Република Македонија ги има ратификувано, а се однесуваат на почитување на достоинството и интегритетот на човекот“.

Државни служебеници  во кабинетот на поранешната министерка д-р Фросина Ташевска Ременски го обвинуваат Спасов дека уште на 18 мај 2016 биле бркани од од работните простории, дека по негова наредба обезбедувањето вршешело претрес на вработените во кабинетот на Ременски, дека на 19 мај 2016 во присуство на останатите вработениним не им бил дозовлен влез на работните места, дека им биле одземани одземете персоналните компјутери, бироа, столчиња, принтери, службени телефони, сим картички, иако тие и претходно, долги години се дел од Министерството.

Вработените во Министерството за труд и социјала го обвинуваат министерот Спасов и за нарачани закани, кршење на основните човекови права, тортура и мобинг, како и за понижување и изживување врз професионалците кои работат повеќе од десет, петнаесет години во Министерството.

„Затоа ви укажуваме, да не ни го уривате нашиот професионален интегритет и достоинство, нашето здравје и да не оставете да работиме професионално, во согласност со законите и должностите, а во интерес на граѓаните, без притисоци и малтретирања со разноразни известувања, писмени и усни наредби кои немаат законска основа, ниту се во корелација со било кој позитивно правен пропис во државата, туку се израз на вашето самоволие и грубо кршење на нашите работнички и човекови права“, му порачуваат вработените на Спасов, прашувајќи го дали планира да одите уште понатаму.

Професионалците во Министерството му потецнираат на министерот дека не се плашат, дека не може да ги „скрши“ и дека „со сите расположливи средства  кои се предвидени во механизмите за заштита на основните права на вработените во државната администрација и меѓународни ратификувани документи, ќе ви се спротиставиме и ќе ви докажеме дека вашите постапки се израз на едно тоталитарно и деспотско однесување на претпоставен кон вработените“.