Мултимедијален настан: Уметниците за човекови права

ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера организираше мултимедијален настан под наслов „Уметниците за човекови права“. Настанот започна со тркалезна маса на која  учествуваа видни уметници и интелектуалци. Дискусијата ја отвори Биљана Еверет, која зборуваше за форматот на тркалезната маса  како неформален и отворен форум кој ќе продолжи и во наредните денови преку медиумската продукција на ЦИВИЛ. 

IMG_4212

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ја презентираше нацрт заедничката изјава која по повод овој настан беше подготвена од тимот на ЦИВИЛ. „Уметниците имаат моќ да го менуваат светот со своите дела и со своите настапи во јавноста. Со самиот чин на творештво, уметниците најизворно ја манифестираат заложбата за слобода на изразувањето, едно од фундаменталните човекови права. Како никогаш порано, уметниците денес се исправени пред обврската да го кренат својот глас против неправдите и деструкцијата“, стои во изјавата.

"Уметниците имаат моќ да му стават крај на ова лудило, само доколку ја согледаат својата моќ и вистински ја преземат својата улога која ја имаат во општеството. Со своите пораки за поддршка и застапување на човековите права, солидарност и поттикнување на дебатата, уметниците ја исполнуваат својата општествена улога и понесуваат одговорност за развојот на културата, образованието и медумите во земјата", на овој начин Дерала ги повика уметниците да ја дополнат изјавата и да придонесат кон зголемување на оваа идеја, со пишување на коментари и текстови.

12794608_935876569864146_2442682693780235277_n

Марија Џонс, преведувачка

Марија Џонс, зборуваше за промените на полошо во последните десет години. "Мене не ми е страв, треба сите да размислиме дали се работи за страв или за децениски конформизам."

IMG_4217

Мирослав Стојановиќ – Шуки, уметник

"Ова што им се случува на уметниците не е ништо ново, се случувало и во историјата. Тоа што власта го сметала за уметност многу често не било тоа што времето го зачувала како трајна вредност", изјави Мирослав Стојановиќ – Шуки. "Уметноста е доста лична работа, но ние како социјални битија не можеме да се изолираме од средината", заклучи Шуки.

"Треба да бидеме сега и тука, со сите и за сите. Почнав вака да размислувам кога сфатив дека ни се прекршени сите човекови права. Уметничкиот израз не го гледам како затворен во ателје, сите треба да сме сега и тука. Автократизам, бирократизам, конформизам, сите "изам" се фашизам. Претенциозноста која ја има уметноста не ни е потребна", истакна Дороти Пачкова.

IMG_4214

Петрит Сарачини, музичар

"Има два пристапа кои се многу штетни во нашето општество. Првиот пристап ги третира уметниците како испомош кои треба да донесат публика, но не треба да зборуваат. Вие свирите, пеете, творите а ние на тоа ќе дадеме национална нишка. Вториот пристап е дека уметниците не треба да се мешаат во политика, и не треба да имаат свој став",  смета Петрит Сарачини. "Да престанеме да ја тргаме уметноста од политичкиот контекст, затоа што уметноста како и животот е политика. Уметноста има порака и не е лишана од уметничкото", заврши Сарачини.

944849_935882126530257_2236593946239207874_n

Бојан Иванов, историчар на уметност

За Бојан Иванов, 2015-та е вистинскиот почеток на 21-виот век. Поради Сирија, Украина..."Класна борба на оние кои имаат и они кои немаат. Ни престои дијалектички судири кој нема да има разрешување, се додека не се соочиме со кризата и не сфатиме дека кризата е одговорот."

12932816_935871366531333_105392528952276763_n

Петар Арсовски, актер

Петар Арсовски: "Оваа влада првата корупција ја направи во уметноста. Им најавија нов театар, им ги зголемија платите, и успеаа да ги поделат уметниците. Анониуси направија од Скопје тоа што денес го гледам, на кое сите ни се смеат. Оние кои не успеа да ги купи оваа власт ги направи непријатели."

12903531_10209404904265812_1870097482_o

Владимир Милчин, режисер

"По правило, не по исклучок, најдобро ги бранат човековите права уметниците на кои човековите права им се загрозени. Секогаш кога живеете во тоталитарен режим би било нормално и очекувано да има уметници на кои тие права им се загрозени", смета Владимир Милчин.

„Уметниците кои би требале да бидат индивидуи се построени во колони. И тие маршираат... Кога ќе почнат да одат по тактот на политиката, тогаш со уметниците е готово“, дополни Милчин.

Неговото излагање предизвика доста реакции и потреба уметниците да реплицираат. Сарачини препорача да се свртиме кон себе и да ги препознаеме хероите меѓу нас и можеби тогаш нешто ќе се промени.

„Во последните десет години нема ни конзументи на уметност... Во животот најискрено би сакала ништо да не работам во оваа држава“, заклучи Марија Џонс.

12928213_935881986530271_5189423270995152173_n

Савка Тодоровска, раководителка на СОЖМ

„Ја поддржувам оваа средба затоа што не смееме да заборавиме дека уметниците се луѓе од крв и месо и на нив влијаат промените во општеството. Но, тие се и посебна творевина... ние мора да ги негуваме уметниците и тогаш ќе бидеме богато општество... Уметниците треба да бидат заедно со масата, а не да ја водат масата. Уметниците треба да бидат освестени, да не бидат исклучени, но не да очекуваме тие да поведат, за да не ги расипуваат и растураат своите квлаитети“, го изрази својот став и Савка Тодоровска, феминистка и раководителка на СОЖМ.

12932830_935882046530265_245180267172959470_n

Дороти Пачкова, уметничка

„Она што најмногу ми пречи е биномното гледање на уметникот. Секој што се обиде да каже творете или не творете, не го разбирам. Не можеме да заземе позиција да ги гледаме уметниците како угнетувани и угнетувачи. Бинарноста е најлошата опција. Најрадикално нешто е да бидеме тоа што сме и да ги кажеме нештата такви какви што се, но тоа не значи дека секогаш треба да бидеме дел од масата“, е заклучокот што Дороти Пачкова го извлече од дискусијата.

Мултимедијалниот настан „Уметниците за човекови права“ продолжи со поетско читање, ликовна изложба, а со диџејски сетови на крајот на вечерта настапи Владимир Милчин.

Марија Теговска

Биљана Јордановска

Оваа вест е достапна и на: Albanian