ЦИВИЛ бара одговорност за масовното следење на комуникациите

На прес-конференцијата на СДСМ се изнесоа фрапантни податоци за незаконско следење на комуникацијата на над дваесет илјади граѓан(к)и во земјата. Денеска стана очигледно дека власта ги третира граѓан(к)ите на Македонија полошо и од криминалци и од терористи, преминувајќи ги сите граници и законски ограничувања за следење на комуникациите. Со ваквата пракса потполно се релативизира владеењето на правото и најгрубо се кршат човековите права и слободи.

DSC_0261ОСУДА!

Ние, ЦИВИЛ – Центар за слобода, најостро го осудуваме ваквото дрско, бескрупулозно и криминално однесување на одговорните за ова масовно прислушкување.

ОДГОВОРНОСТ!

Бараме одговорност за масовното прислушување, веднаш и без одлагање.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара итна истрага за одговорните во оваа операција, почнувајќи од налогодавците, завршувајќи со оние што дале согласност за овие криминални постапки, вклучувајќи ги истражните органи, како и јавното обвинителство и други судски инстанци кои се огрешиле од законот и грубо ги загрозија човековите права и слободи на граѓан(к)ите во изминатите години.

ОБЈАВУВАЈТЕ!

Ги повикуваме сите медиуми да ги објавуваат материјалите кои сведочат за грубото кршење на човековите права и слободи во Македонија и да ги игнорираат заканите од каде и да доааѓаат, дали од обвинителот Зврлевски, од власта или медиумите под нејзина контрола. Нивните закани немаат правна основа. Напротив, тие претставуваат газење на Уставот и законите на Република Македонија.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish