Цивил го поддржува протестот на хонорарците

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како еден од поддржувачите на иницијативата „Не за неуставните закони за хонорарците“ го поддржува утрешниот протестен марш што ќе започне од пред Министерството за финансии во 12 часот. Колоната ќе се движи до Уставниот суд каде што ќе бидат поднесени 7.000 претставки против сегашниот закон за хонорарците, кои беа потпишувани во 15 града низ Македонија.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани масовно да излезат на протест за да се запре неправдата и штетата кои власта им ја нанесува на хонорарците.

„Од 1 јануари досега, е само лицемерие дека законот им прави услуга на хонорарците, односно, дополнително ни направи хаос..., шетање по институции кои не знаат како да се справаат со законските одредби што покажува дека Владата не е спремна за спроведување на законот“, изјави Кате Христовска  од иницијативата „Не за неуставните закони за хонорарците“.

Иницијативата „Не за неуставните закони за хонорарците„ ја покрена Платформата за граѓанска политика „Ајде!”.