ЦИВИЛ го стартува проектот „Моето гласачко право“ кој има цел да ја зајакне јавната свест, едукација и мобилизација на граѓан(к)ите за изборните процеси, гласачките права и демократските стандарди наспроти изборните нерегуларности.
Презентација и дебата за проектот Моето гласачко право ќе се одржи во ГЕМ Клуб (Стара Чаршија) на 25 февруари, со почеток во 11 часот. Освен за медиумите, овој настан е отворен за граѓанските организации, претставниците на политичките партии и други заинтересирани.
Проектот вклучува низа активности низ целата земја, меѓу кои е и формирање на Постојани работни групи за мониторинг на изборните процеси и состојбите на човековите права.
Исто така, ЦИВИЛ ќе одржи и семинари за едукација и вмрежување на организации, граѓански иницијативи и поединци за да се создадат услови и капацитети за вклучување на граѓан(к)ите во активностите за мониторинг на изборните процеси и човековите права и слободи воопшто.
_____________________
Контакти:
02/5209176
Проектот „Моето гласачко право“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество
кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.