ЦИВИЛ во посета на Радовиш и Василево

ЦИВИЛ ги информира граѓанките и граѓаните во Радовиш за проектот Напред! и како можат да се пријават за набљудувачи на изборите.

Беа поделени над 300 флаери со информативен и едукативен материјал, а дел од граѓаните со задоволство прифатија да бидат дел од фото-петицијата „За слободни избори“.

Василево, 5 март 2016

Василево, 5 март 2016

Во Општина Васлиево жителите љубезно не пречекаа, беа заинтересирани за информиациите и едукативниот материјал за набљудување на изборите.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Оваа вест е достапна и на: Albanian