Денешниот Меѓународен ден на Ромите - 8 Април, за жал, Ромите во Македонија, имаат многу малку причини да се прославуваат, бидејќи Ромите се сé уште дискриминирани во секој поглед во македонското општество, и покрај сите вербални изјави и пишани декларации, тие во Македонија не ги уживаат законските предвидените човековите правата и слободи.
ЦИВИЛ - Центар за слобода апелира до надлежните институции, да преземат решителни чекори за подобрување на животот на ромската заедница во Македонија. ЦИВИЛ бара да запре дискриминацијата, предрасудите и сегрегацијата која се спроведува врз Ромите, а од институциите - да обезбедат вработување на Ромите, а на ромските граѓани кои немаат сопствен дом, да им најдат соодветно сместување.
ЦИВИЛ апелира до надлежните институции да им обезбедат соодветно образование на ромските деца кои живеат на улица.
Македонски
Shqip
English








