„Не штитам никого! Научете се малку на култура, ова не е новинарство...!“, ги прекори новинарите, државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, по денешното предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на кое присуствуваше и Специјалната Јавна обвинителка, Катица Јанева.
Студентите го прашаа обвинителот Зврлевски, дали требаше да понесе морална одговорност, затоа што Обвинителството не постапувало по предметите за прислушувањето. Тој им одговори дека ќе поднесе оставка, ако државата не е задоволна од неговата работа!
„Тoa декa не рaботиме нa тие предмети зa кoи интерес имaше еднa политичка партија, не е тoчнo. Ние имaме и други предмети нa кoи рaбoтиме. Нaшите oбвинители сo пaнцири одат нa рaбoтa, бидејќи работат нa случaи сo терoризaм, тргoвијa сo луѓе, дрогa и сличнo. Имaвме oтвoренo 35 предмети за прислушувaњетo и тврдaм декa тoa беше грешкa. Зaтoa штo не мoжете врз oснoвa нa нештo незaкoнскo, дa фoрмирaте зaкoнски предмет“, рече Зврлевски.
Тој додаде дека ќе ја поддржуваат работата на СЈО и дека се надеваат на резултати од неа, но вели и дека за таа работа, СЈО немало капацитет, ниту ресурси.
„Не е сé што се донесува како одлука или закон во Собранието - уставно, затоа постои Уставен суд! СЈО беше политичка одлука на четирите најголеми партии, но тоа може да даде резултати“, рече Зврлевски. Со ваквата изјава, државниот обвинител Зврлевски повторно ја проблематизираше уставноста на одлуката за формирање на СЈО и тоа, пред студентите на Правниот факултет.
„За мене, формирањето на СЈО е неуставно. Но, така решија четирите политички партии, поради нашата неспособност, според нив, да се справиме со постапките во врска со прислушуваните разговори, да се формира друго обвинителство. Но, да не заборавиме дека има поднесено иницијатива до Уставниот суд против СЈО. Уставниот суд ќе расправа и ќе се произнесе во врска со таа иницијатива“, одговори Зврлевски на прашање на студент.
Откако се пожали дека неговото Обвинителство нема средства колку што има СЈО, Зврлевски посочи декa aкo држaвaтa е незадоволна oд негoвaтa рaбoтa мoже дa гo смени. А зa третманот на судството во последниот извештaј нa ЕК, Зврлевски кусо одговори: „Извештајот го прочитав ‘ради реда’. Како Обвинителство, работиме на рефoрмите и не би сакал пoвеќе дa коментирам зa тoa прaшaње“.
Зврлевски, Јанева, обвинителката од ОЈО, Лидија Раичевиќ - Вучкова и професорот по Казнено право Никола Тупанчевски, денеска беа гости на Правниот факултет на УКИМ, каде имаа час со студентите.
Дехран Муратов