Протестен марш на средношколците

Протестен марш на средношколците

Илјадници средношколци се собраа пред Собранието  да го искажат својот револт против концептот на полагање на државна матура и против реформите кои ги прави Владата во образованието. Со скандирање: „Нема правда нема мир!“, „Доста беше молк!“, „Стоп за лошите реформи!“, со транспаренти, со свирчиња и сирени, средношколците се движеа од Собранието кон Владата и кон Министерството за образование и наука.

Моето гласачко право: Резултати од онлајн прашалник

Моето гласачко право: Резултати од онлајн прашалник

Ова е анализа на резултатите од онлајн истражувањето на ЦИВИЛ. Овој прашалник е сегмент од пошироко истражување и е дизајниран за организациите на граѓанското општество и пошироката јавност, преку веб страната на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи. Преку овој прашалник дојдовме до квантитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности, ставот на испитаниците за изборните процеси во 2013 и 2014 година, ставот за извештаите од изборното набљудување на ЦИВИЛ, […]

Анализа на резултатите од истражување преку фокус групи

Анализа на резултатите од истражување преку фокус групи

Ова е анализа на резултатите од истражувањето на ЦИВИЛ преку фокус групи. Со фокус групите дојдовме до квалитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности и состојбата на човековите права и слободи. Истражување преку фокус групи се одржа во Скопје, Велес, Гостивар и Струмица. Вкупен број на учесници во фокус групите беше 35.

Изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни

Изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува долгорочен мониторинг на политичките процеси и состојбата на човековите права и слободи. Во рамките на проектот Моето гласачко право, ЦИВИЛ спроведе истражување преку фокус групи и онлајн прашалник. Во следната фаза ќе се подготват и индивидуализирани интервјуа со претставници од засегнатите страни и актери во сферите на изборните процеси и човековите права. Тимот на ЦИВИЛ подготви и анализа на политичките состојби во Република Македонија […]

Манипулации и кршење на гласачкото право

Манипулации и кршење на гласачкото право

Презентација и дебата, проект: Моето гласачко право  ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи презентација на своите најнови согледувања за манипулациите и кршењето на гласачкото право во Република Македонија на 31 март 2015 (вторник), во ГЕМ Клуб (Стара Чаршија), со почеток во 11 часот. На презентацијата ќе се поделат и материјали за проектот и извештаи од набљудувањето на претходните изборни процеси во земјата.

Протестен марш на средношколците

DSC_0542

Илјадници средношколци се собраа пред Собранието  да го искажат својот револт против концептот на полагање на државна матура и против реформите кои ги прави Владата во образованието. Со скандирање: „Нема правда нема мир!“, „Доста беше молк!“, „Стоп за лошите реформи!“, со транспаренти, со свирчиња и сирени, средношколците се движеа од Собранието кон Владата и кон Министерството за образование и наука.

Моето гласачко право: Резултати од онлајн прашалник

DSC_0381 (Large)

Ова е анализа на резултатите од онлајн истражувањето на ЦИВИЛ. Овој прашалник е сегмент од пошироко истражување и е дизајниран за организациите на граѓанското општество и пошироката јавност, преку веб страната на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи.

Преку овој прашалник дојдовме до квантитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности, ставот на испитаниците за изборните процеси во 2013 и 2014 година, ставот за извештаите од изборното набљудување на ЦИВИЛ, како и за тоа дали се почитуваат човековите права и слободи.

На прашалникот одговорија 223 испитаници во периодот 21-28 март 2015 година.

Анализа на резултатите од истражување преку фокус групи

pendrek

Ова е анализа на резултатите од истражувањето на ЦИВИЛ преку фокус групи. Со фокус групите дојдовме до квалитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности и состојбата на човековите права и слободи.

Истражување преку фокус групи се одржа во Скопје, Велес, Гостивар и Струмица. Вкупен број на учесници во фокус групите беше 35.

Изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни

VA2_6841

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува долгорочен мониторинг на политичките процеси и состојбата на човековите права и слободи. Во рамките на проектот Моето гласачко право, ЦИВИЛ спроведе истражување преку фокус групи и онлајн прашалник. Во следната фаза ќе се подготват и индивидуализирани интервјуа со претставници од засегнатите страни и актери во сферите на изборните процеси и човековите права.

Тимот на ЦИВИЛ подготви и анализа на политичките состојби во Република Македонија од периодот пред локалните избори во 2013 година до денес.

Од истражувањето и од анализата, општ заклучок е дека Македонија е во состојба на континуирана политичка криза, проследена со агресивна пропаганда, човековите права и слободи се загрозени, а изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни и нивната законитост е под голем знак на прашање.

Манипулации и кршење на гласачкото право

VRP 25022015

Презентација и дебата, проект: Моето гласачко право

 ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи презентација на своите најнови согледувања за манипулациите и кршењето на гласачкото право во Република Македонија на 31 март 2015 (вторник), во ГЕМ Клуб (Стара Чаршија), со почеток во 11 часот.

На презентацијата ќе се поделат и материјали за проектот и извештаи од набљудувањето на претходните изборни процеси во земјата.

Донација за децата со оштетен вид

11084499_10206615180404459_864450038_n

Од „Дневниот центар за деца на улица“ од Шуто Оризари немаат доволно средства да обезбедат очила за пет деца кои се без соодветна родителска грижа и без потребното социјално и здравствено осигурување. Цената на очилата за сите пет деца чини 6.500 денари.