Рамадан Рамадани: Режим на братучеди и неизживеани деца

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 14 мај во Клубот ГЕМ оддржa дебата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА посветена на политичката ситуација во земјата. На дебатата воведничари беа професор. д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и актуелна судијка во Уставниот суд на БиХ и Рамадан Рамадани, НИСМА, аналитичар и колумнист.

Дебатирвме за прашањата:

  • Кои се одговорните чинители за политичките состојби во земјата?
  • Дали безбедносната криза во Куманово ќе влијае врз интензитетот на граѓанското незадоволство и протестите закажани за 17 мај?
  • Каква е перспективата на Македонија?

Воведничарите ја потенцираа екстремната антагонизираност на политичката сцена и длабоката криза во македонското општество, се согласија дека 17 мај е денот кога ќе започнат неопходните промени, дека заминувањето на актуелната Влада е неминовност и ека на Македонија и е неопходна преодна влада која ќе ја врати државата на одамна напуштениот пат кон демократизација и евроинтеграции.

Погледнете го видеото и дел од транскриптот од излагањето на Рамадан Рамадани.

„Јас мислам дека Куманово е синоним за неразделива Македонија“, изјави Рамадани, додајвајќи дека во сите карти и надвор и внатре во Македонија, „кројачите“ најмногу имаат проблем со исцртување на „граничните линии“ во Куманово. Меѓу другото, вели: „Друг аспект кој треба да се знае и да се потсети за Куманово е дека за време на локалните избори, а тоа сега со „бомбите“ го знаеме и детално, се расипа изборниот инженеринг на целиот овој режим на ДУИ и на ДПМНЕ, кој што владее во последните изборни циклуси… Ние не треба да заборавиме дека имаме премиер кој на својот министер за транспорт и врски му поверува дека има српски католици од Албанија, на кои им продал два плаца, едниот на плоштад, а другиот под Вардар! Дотаму оди таа илузија! Кога можело да има српски католици од Албанија, може да имаме и соросоиден фундаменталист, УЧК-бранител на Македонија итн… Улогата на ДУИ во целиот овој режим на братучеди и на оваа дивоградба во Македонија е легитимизирање на нелегитимноста која владее во Македонија. На крајот заклучува дека протестите на 17 мај, со својата масовност треба да придонесат да се види дека ова општество не сака власт на неизживеано дете кое сака да го возат во мерцедес со екран одзади“.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=Nu54h3UFAQI[/youtube]

 

Print Friendly, PDF & Email