Заложништво на целата држава

(интервју со Џабир Дерала, преземено од Wiener Zeitung: "Geiselnahme des gesamten Staates")

Тереза Рајтер

Уцена, манипулирани медиуми, фантомски гласачи; борецот за човекови права Џабир Дерала за изборните манипулации.

Откако македонската опозиција под раководство на нејзиниот лидер Зоран Заев започна со објавување на тајно прислушуваните разговори од страна на Владата - кои Заев ги нарекува „бомби“ – се зацрвсти сомнението дека партијата на претседателот на Владата Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) ги манипулирала последните избори. Земјата се наоѓа во криза, по силни протести, опозицијата и Владата преговараат под посредништво на Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Се навестува преодна влада, следната година треба да се оддржат предвремени избори. Активистот за човекови права Џабир Дерала ги набљудуваше претходните избори и говори за масовни манипулации. На човекот, на свои четриесет и некоја годниа, при разговорот со „Винер Цајтунг“ се јасно видливи напорите од изминатите недели. Пуши многу, пие кафе, најрадо без шеќер и млеко, и наборите околу очите му се длабоки.

Винер Цајтунг: Лидерот на опозицијата Зоран Заев во неколку наврати го обвини претседателот на Влада Никола Груевски за фалсификување избори. Дали има фактички индиции за изборна измама?

Џабир Дерала: Нашата организација, Цивил, ги набљудува изборите не само на самиот изборен ден, туку и на долгорочни основи. Македонија страда од заложништво на целата држава од партиите на власт. Во земја, во која сѐ е толку политизирано и која се наоѓа под толкава партиска контрола, нема можност за навистина слободни и демократски избори.

Како се манифестира тоа?

Од 2008 год. живееме во континуирана изборна кампања. Не може веќе да се разликува што е изборна кампања, а што политичко секојдневие. Партијата на власт на Груевски го одредува темпото и динамиката на целокупното општество. Ако се има на ум дека со ислучок на еден дневен весник и неколку радио станици, сите приватни и државни медиуми се под контрола на оваа партија, може да се пресмета, што тоа значи. Опозицијата е просто невидлива во јавниот дикурс. Дури и сега, со сите протести и со објавувањата на телефонските разговори, скоро и да не се споменува. Владата едноставно продолжува, како да не се случило ништо, а нивните медиуми известуваат за здрава исрана и поплочување на плоштади. Имаме ситуација „1984“, како во романот на Џорџ Орвел. Општеството станува жртва на една и само една илузија.

Што видовте Вие и Вашите соработници при последните избори?

Не е само политичката опозиција која има докази за изборни измами при изборите во 2011, 2013 и 2014 година. Сите три процеси беа гравидно изманипулирани и се нелегитимни. Измамата се одвива преку долг временски период, и не само пунктуално, па затоа изборниот ден најчесто е мирен и, технички гледано, квази и пристоен. Но, на средно и долгорочно ниво забележуваме примена на огромно структурно насилство и манипулација врз гласачите. Дополнително постојат докази и изјави на сведоци дека имало огромен број фантомски гласачи. Во времески период од само две недели, откривме десетина илјади регистрирани гласачи кои не постојат во реалноста.

Како се одвива тоа точно? Како се бројат нивните гласови?

Замислете си зграда со два влеза и четири ката, во која живеат отприлика 50 гласачи. Ако се погледне во Избирачкиот список, што секако не ни е дозволено, но со неколку истражувачки методи ни успеа, тогаш ќе се види, дека споменатата зграда е наведена во списокот, но со шест ката, седум влеза и брои скоро 400 гласачи. Во списокот откривме и цели згради кои де факто воопшто не постојат.

А при самите избори? Кој гласа за овие лица?

Луѓе гласаат со различни лични лични документи, имаат повеќе пасоши, кои ги добиваат од партијата на власт. Се довезуваат и Македонци од Албанија, кои гласаат тука, како да живеат во една од овие непостоечки куќи. Вакви нешта откривме во повеќе градови, во Скопје, Куманово, Охрид. Не бевме сигурни за секој поединечен случај и малку и самите себе се цензуриравме, меѓу другото и поради тоа што изборната измама би била толку спектакуларна, што нашите донатори би нѐ прогласиле за луди. Но со објавувањето на „бомбите“ на опозицијата знаеме дека сме биле во право и на еден горчлив начин сме горди, што ние тоа го знаевме веќе претходно.

Говоревте и за структурно насилство...

Секое лице, што работи во јавната администрација, кој има роднина што работи таму, кој прима социјална помош, пензија или детски додаток, е клиент на еден репресивен систем. Независно дали овие услуги ви следуваат со закон, владата има начини и средства, да ги ограничи овие нешта. Правна држава? Заборавете го тоа! Секое лице, кое на некој начин е поврзано со јавната администрација, добива список на гласачи во неговото семејно, пријателско или познаничко опкружување, кои сѐ уште не се решени за кого ќе гласаат, и потоа има задача да ги убеди нив, да гласаат за „вистинската“ партија. Владата ги шпиунира луѓето за да дознае, кого треба да стават на овие списоци. „Треба да ги убедиш, за да не го загубиш детскиот додаток“.

Како една партија може да контролира, дали некој навистина ги убедил луѓето од неговиот список?

Има разни начини. Особено во помалите изборни единици ова е едноставно. Може да се пресмета, ако се знае кој колку лица имал на својот список, и тоа се спореди со изборниот резултат на одредена изборна единица. И овде повторно се шпионира, дали некој добро си ја завршил работата. Ако не си го извршил добро, можеш да си го изгубиш работното место, социјалната помош, земјоделската субвенција. Можеби детето нема да ти добие стипендија или ќе биде изолирано на училиште и ќе биде занемарувано од страна на наставниците.

Дали Вие поради Вашата работа сте изложени на некаков притисок од страна на Владата?

Притисокот е огромен. Добиваме закани за убиство за нас и нашите семејства. Јас не сум единствениот, но кога се работи за нешта како правна држава, избори, демократија и човекови права, јас сум веројатно една од најомилените мети на Владата. Веќе се навикнав секој ден да бидам распнат на крст.

 

Извор: Wiener Zeitung

Print Friendly, PDF & Email