ДУИ му врши притисок на весникот Лајм

Функционери на ДУИ му вршат постојан притисок на дневниот весник Лајм, а под голем притисок од албанската партија на власт се и новинарите, тврдат од овој весник. На адресата на Цивил пристигна писмо, во кое се вели: „Лајм е под постојан притисок од страна на функционери на ДУИ, кои со разни методи прават опструкции врз нашиот весник. Преку профил на facebook под име BDI-Uçk, се апелира за одржување протест во текот на вчерашниот ден, а како причина за ова се спомнува колумната на директорот на весникот, Фејзи Хајдари, под наслов „Пикник и шпионажа“.

Цивил го контактираше главниот уредник на весникот, Исен Салиху, и тој ни потврди дека во оваа колумна новинарот ја критикувал ДУИ дека нејзини активисти стојат со изборни списоци и ги контролираат граѓаните за тоа за кого гласале. „Имаме постојан притисок од функционери од партијата на власт. Освен тоа, функционери на оваа партија не прифаќаат да дадат изјава за нашиот весник, а не даваат ниту објави и реклами кај нас“, рече Салиху.

„Ние бараме ваша поддршка за да се соочиме со овие форми на опструкција и притисок, а соодветните институции бараме, така како што ги обврзува Уставот и законите, да создадат услови за непречена работа за новинарите на Лајм“, се вели во писмото.

Арбана Ќерими

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish